Светски познатиот хрватски научник проф. Д-р Иван Ѓикиќ од „Гете“ институтот во Франкфурт даде предвидувања за тоа што ќе донесе епидемијата на вирусот корона, како да се спаси економијата и работниците и кога може да се очекува враќање во нормала.
Според него, до крајот на месецот во Хрватска може да се очекуваат 1.500 жртви на вирусот корона, па затоа тој апелираше дека мора да се применат порешителни и поконкретни мерки.
Проф. д-р Ѓикиќ предвидува дека најтешкото време на пандемијата ќе биде од декември 2020 до март 2021 година.
Ако вакцината дојде во почетокот на 2021 година, тоа би значело дека ситуацијата би можела да биде под контрола кон крајот на идната година, предвидува овој научник, во писмото упатено до хрватскиот премиер Пленковиќ.
Баровите, ноќните клубови, рестораните и спортските објекти кои не се потребни треба да бидат затворени, значи – каде и да можеме треба да ги спречиме луѓето да се состануваат во поголеми групи, изјави тој за во интервјуто за Радио Сјеме, додавајќи дека овие индустрии кои ќе бидат оштетени треба да бидат компензирани во економски износ од 70 до 80 отсто од нивниот промет минатата година.
На тој начин, луѓето што работат во тие гранки нема да страдаат, посочи тој.
Како што додаде, споменатата проекција тој би ја направил со пресметка дека ќе има 32 смртни случаи од ковид на ден, но тој истакна дека тој број може да биде уште поголем.
Проф. Д-р Иван Ѓикиќ работи во институтот Гете во Франкфурт, а во текот на сите месеци на пандемија коментираше за горливите проблеми и ги презентираше резултатите од истражувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.