Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето, министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе ги посети општата болница Велес и општата болница со проширена дејност Кавадарци, каде ќе оствари работни средби со раководството и персоналот на овие јавни здравствени установи.
Министерот прво ќе ја посети болницата во Велес, а потоа и болницата во Кавадарци каде заедно со директорот на установата ќе имаат обраќање.
Вечер, пак, во 19 часот, министерот ќе се обрати на свеченото отворање на Балканскиот конгрес на урологија, кој ќе се одржи во хотел Метропол – Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.