Дополнителната, засилувачка доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, е мислењето на претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих Монтгомери, кое го истакна во интервју за весниците на германската медиумска група „Функе“.
Засилувачката доза на вакцината го зајакнува имунолошкиот систем. Но, не знаеме точно колку долго ќе трае пандемијата. Можеби вакцината треба да се дава секоја година – рече докторот.
Монтгомери го поддржа воведувањето зелени сертификати за вакцинација со рок на важност што ќе истече во одреден момент доколку граѓанинот навреме не изврши ревакцинација.
Првите вакцини против коронавирусот беа направени лани во декември во Германија, а граѓаните кои ги добија вакцините се уште имаат валидни потврди. Светската здравствена организација (СЗО) во петокот го идентификуваше новиот сој Б.1.1.529, пронајден во Јужна Африка, и го именува со грчката буква омикрон. СЗО во соопштението кажува дека оваа варијанта на коронавирусот „има голем број мутации, од кои некои се загрижувачки“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.