Последен пат девојчето Тамара Димовска кај матичен лекар било однесено половина година пред да почине. Ова го сведочеше нејзината матична лекарка Розета Босилкова. Од медиуми разбрала дека причина за смртта била пневмонија.

Вработената во велешката болницата Татјана Атанасова пак велеше дека никогаш во велешката болница не била лекувана од брохопневмонија. Двете се сведоци на одбраната на обвинетата докторка Аспазија Софијанова, а нејзиниот адвокат вели дека со ова се потврдува дека девојчето починало од брохопневмонија, а не од сколиоза – она што тие постојано го кажувале и дека не било доволно носено на лекарски прегледи. Од сведок го повлекоа Никола Тодоров на што не се противеше обвинителството, но мајката вели дека девојчето постојно било по лекари и дека вината ја гледа во негрижата на комисиите и сака Тодоров да биде сведок за да се дознае целата вистина за случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.