Центaрот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) по неколкумесечна истрага откриле дека свадба во Мејн била главен извор на зараза со коронавирусот. Овој настан предизвикал 177 нови случаи на заразени.

Според официјалниот извештај на ЦДЦ, на свадбата имало пет лица кои имале ковид-19, а по истрагата, откриено е дека уште 30 лица позитивни на ковид биле директно поврзани со свадбата. Истрагата утврди дека вкупно 177 случаи на коронавирус, седум смртни случаи и три хоспитализирани лица се поврзани со споменатата свадба.

Истрагата утврди дека во салата за венчавки бил ставен знак за задолжително носење маски и одржување на физичката оддалеченост, но гостите не се придржувале до мерките и не биле предупредени од персоналот. Од друга страна, персоналот носеше маски, пишува „Инсајдер“.

Други држави во САД исто така објавија жаришта кои беа поврзани со свадби.

Ова е совршен пример зошто јавните здравствени службеници се обидуваат да им објаснат на луѓето дека големите собири можат да бидат проблем, рече ”Џон Сварцберг, експерт за инфективни болести.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.