Делата (индиската) варијантата на коронавирусот полека почнува да доминира во повеќето земји во светот, потиснувајќи ја мутацијата алфа (британската). Сепак, тоа што ги загрижува здравствените лица и научниците е појавата на делта-плус варијантата на ковид-19, која може да биде „поагресивна од делта “.
Пред сѐ, важно е да се знае дека варијантата на вирусот САРС-КоВ-2 наречена делта е еден од најзаразните вируси што ги знаеме. Заразна е како сипаницата и е позаразна од вирусите што ги предизвикуваат МЕРС, САРС, ебола, настинки, грип и големи сипаници. Делта исто така е значително повеќе заразна од британската верзија позната како алфа, која сама по себе е повеќе заразна од оригиналниот вид од Вухан.
Како што се шири оваа суперинфективна варијанта, таа продолжува да мутира. САРС-КоВ-2 е едножилен РНК вирус и тие мутираат побрзо од дво-верижните РНК вируси и ДНК вируси. Но, истражувањата покажаа дека големината на геномот негативно корелира со стапката на мутација – колку е поголем геномот, толку помалку мутации.
Во оваа смисла, добро е што вирусот СAРС-КoВ-2 има голем геном составен од околу 30.000 базни парови, така што мутира релативно бавно за едножилни РНК вируси, побавно од грипот. Корелацијата помеѓу големината на геномот и бавноста на мутацијата е логична бидејќи вирусот со голем геном мора да има добро уредена проверка на точноста на копирање на неговиот код. Ако го немаше тоа, ќе се појавеа премногу грешки во големиот геном и вирусот нема да биде ефикасен – премногу вирусни честички ќе се произведуваат при репродукција, што би било отпад. Вирусот на грип, кој има многу пократок код во РНК, може да си дозволи луксуз да биде помалку прецизно транскрибиран и повеќе мутиран, а истото важи и за вирусите на хепатитис Ц и ХИВ.
Од друга страна, поради високата инфективност, делтата се шири и се повторува толку масовно што грешките во копирањето сѐ уште се случуваат во голем број и веројатноста за нови варијанти се зголемува, особено кај невакцинирани лица.
Една од најновите варијанти што го привлече вниманието на здравствените работници е варијантата наречена „AY.1“ или делта-плус. Причината за интересот е фактот што индиското Министерство за здравство го класифицираше во јуни како „варијанта на загриженост“. Оваа ознака покажува дека се чини дека е позаразна, полесно се врзува за клетките на белите дробови и е потенцијално отпорна на терапија со моноклонални антитела, што значи дека може да го пробие стекнатиот имунитет.
Делта-плус има на спајк протеинот (S) мутација „K417N“ кој што делтата го нема. Оваа мутација претходно беше пронајдена кај некои подваријанти на алфа што доминираа пред делтата и во бета варијантата.
Џејмс ЕК Хилдрет, извршениот директор на Медицинскиот факултет Мехари во Нешвил, изјави за Вашингтон пост дека челниците на јавното здравство треба да обрнат внимание на искуствата на другите нации, посочувајќи на разорниот ефект на делтата во Индија и одлуката на земјата да ја означи делта-плус како загриженост.
Веќе видовме што се случи со делтата во Индија и колку брзо се шири – рече тој.
– Зошто би помислиле дека варијантата делта-плус би била поинаква? – вели Хилдрет.
Една причина за загриженост е можноста дека делта-плус би можела да ја пробие заштитата создадена од заболување или вакцинирање. Досега, нема јасна потврда за оваа загриженост.
Може да се случи делта-плус да се покаже подобро во преносот, подобро да лебди во воздухот, да прави подобри копии, подобро да се врзува за клетките и да ги инфицира – вели Кенет Стедман, професор по биологија на Државниот универзитет во Портланд.
– Но, можно е и дека таа всушност е полоша во тоа – додаде тој.
Студиите спроведени кон крајот на јуни покажаа дека коктелите за моноклонални антитела Рош и Ели Лили ја намалија ефикасноста на варијантата делта-плус. Но, експертите посочија дека ова сѐ уште треба да се испита подетално.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.