Морбилите го затворија хируршкото одделение во струшката болница. Одделнието е затворено, а пациентите за операција се препраќаат во болниците во Охрид и Скопје. Во функција е само хируршката амбуланта.

Според раководството на одделението над 50% од здравствените работници во ова одделение се заболени од мали сипаници, морбили. Комисијата за хоспитални инфекции во рамките на болницата вчера ја донела ваквата одлука, а денес за тоа биле известени Министерството за здравство, Центарот за јавно здравје и Републичкиот санитарен инспекторат.

Првично рокот до кога хирургија ќе биде затворена е 28 мај, а што понатаму никој не знае. Последните информации од Центарот за јавно здравје говорат дека бројот на заболени од морбили во Струга е 126, а само на хирургија има заболено 14 здравствени работници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.