Стотици луѓе се собрале за таен рејв под мост во Бруклин во саботата вечер, игнорирајќи ги мерките за физичка дистанца, известуваат американските медиуми.

Снимката која кружела на интернет покажувала како голема група на луѓе танцуваат под мостот во Гринпоинт.

Градоначалникот Ендрју Куомо, ја осудил големата журка.

На снимката од рејвот, биле прикажани стотици луѓе кои без маски и физичка дистанцираност танцувале на гласната музика.

Организаторот додал дека биле делени бесплатни шишиња со вода, маски и средства за дезинфекција на сите присутни.

Сепак, еден од присутните кои се претставик како Себ, истакнал дека настанот набргу се претворил во голема рејв забава без дистанцирање, а многу од присутните не носеле маски.

Њујорк, кој стана познат како епицентарот на вирусот во првите неколку месеци од ширењето на САД, досега има забележано 230.000 потврдени случаи и 23.000 смртни случаи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.