Жителите на домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Скопје самоиницијативно, и без ризични групирања, изработиле 100 заштитни маски од 100 отсто памук, во знак на поддршка за здравствените работници во секојдневната борба со коронавирусот.
Маските ќе бидат донирани во соработка со Црвениот крст на Град Скопје на оние за кои во овој момент тоа им е најпотребно, а тоа се вработените во болницата во Дебар“, велат од Заводот.
Материјалите за работа се обезбедени од лични средства на вработените во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Скопје, во чии рамки функционира домот.
Во Домот „Мајка Тереза“ се сместени стари лица, корисници на социјална заштита.
Соочени со новонастанатата состојба во нашата држава и појавата на коронавирусот како пандемија, голем број од активностите и настаните кои се предвидени за оваа година, едноставно мораше да ги одложиме и да се воздржуваме од истите, максимално почитувајќи ги препораките од Министерството за здравство“, велат од Заводот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.