Српскиот имунолог Срѓан Јанковиќ кој зборуваше на темата коронавирус во утринската програма на една тамошна телевизија, нè претстави како лош пример во борбата со пандемијата.

Растојанието е најважната мерка. Целта е да се интегрираат превентивни мерки во секојдневниот живот. Се препорачува растојанието да биде метар, а по можност до 2 метри. Свесни сме дека е тешко да се спречат контакти во вакви ситуации, но ако тие се драстично намалени или одржуваат оддалеченост, нема простор за поголеми жаришта – вели тој и предупредува, ако постапиме како да нема вирус, не чека сценарио на Македнија.

Инаку, според најновите информации, вкупно 11.741 потврдени случаи на КОВИД 19 се регистрирани во Србија до 15 часот на 6 јуни 2020 година. Од последниот извештај, тестирани се примероци од 3.124 лица, од кои 74 се позитивни, 390 лица се хоспитализирани, додека на респиратор има 12 пациенти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.