Професорката на Медицинскиот факултет во Белград, вирусологот Тања Јовановиќ, во интервју за РТС, објаснува дека има неколку различни производни генерации на вакцини поврзани со Ковид 19.

Професор Јовановивќ додава дека и транспортот, исто така, влијае на квалитетот на вакцината и затоа производителите секогаш даваат упатства за тоа како да обезбедат транспорт.

Вакцината од компанијата „Фајзер“, која најверојатно ќе пристигне најбрзо во Србија, бара посебни услови не само за транспорт, туку и за складирање на минус 70 степени Целзиусови. Овде имаме такви услови и ладилници во лабораториите за истражување и претпоставувам дека државата ќе обезбеди дополнителни фрижидери кои обезбедуваат таква температура – објаснува Јовановиќ за РТС

Таа вели дека оваа генерација на вакцини е специфична и додава дека иновативната терапија за третман на некои ретки болести е многу слична во постапката како вакцината на „Фајзер“, која спаѓа во групата на генски вакцини.

На пример, за мускулна дистрофија, имате лек кој содржи еден ген кој носи информации за протеин што недостасува во организмот и кој на тој начин се дава во терапија. Кога зборуваме за вакцина како онаа на „Фајзер“ или на фармацевтската компанија „Модерна“, немаме дури ни ген, туку само една информација што се пренесува на клетката за да може клетката да го синтетизира тој протеин што треба да го стимулира имуниот одговор на домаќинот кој е контаминиран со заразен вирус – објаснува Јовановиќ.

Таа истакна дека нема опасност да се внесе нов генетски материјал во организмот, бидејќи нема нови гени и тоа е една од многу сигурните вакцини.

Од друга страна, ја имаме оваа група на рекомбинантни вакцини, како што е руската вакцина „Спутник“, која е добиена со рекомбинирање на генетскиот материјал на адено вирусот и генот што ја кодира најповршната структура на сарс коронавирусот 2, кој е важен при воспоставување вирусна инфекција.Ваквата вакцина понатаму ќе стимулира имунолошки одговор за организмот веќе да подготви и антитела и клеточен имунолошки одговор за асредба совирусот  – вели Јовановиќ.

Дали вирусот мутирал

На прашањето дали вирусот мутирал, Јовановиќ вели дека на почетокот се сметало дека овој нов корона вирус ќе мутира многу побрзо отколку што всушност се случува, но дека подоцнежните тестови покажале дека овој вирус не мутира толку често.

Се разбира, мутациите се случуваат и се случуваат по целиот вирусен геном. На карактеристични места – во оние места што кодираат протеини и овозможуваат вирусот да комуницира со домаќинот, со луѓето, ваквите мутации сè уште не се забележани – објаснува Јовановиќ.

Таа вели дека досега се регистрирани над 20.000 варијанти на вирусот, но дека овие мутации се мали, односно минимални промени во вирусниот геном.

Нема промени во регионот што дозволува вирусот успешно да ја зарази клетката, засега тој дел од вирусниот геном е прилично стабилен – вели Јовановиќ, додавајќи дека истражувањата покажуваат оти нема проблеми со ефикасноста на вакцината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.