Многу е важно како се пијат витаминските додатоци. Ако тоа не се конзумирраат правилно, може да немаат ефект, како да се сте испиле чаша вода, предупредува д-р Хибниета Апук, педијатар специјалист.
Внимавајте со витамин Д – задолжително се зема со храна. Витаминот Д е најдобро да го земете попладне бидејќи може да ви го попречи циклусот на спиење.
Исхраната е сиромашна со витамин Д3, може да се внесе преку масните риби како лосос и туна. Витаминот Д3 е присутен во црниот дроб, говедското месо, жолчките и сирењето, но во многу мали количини. Организмот мора да се снабдува со овој витамин преку синтеза од сончевите зраци, преку кожата, вели таа.
Како што објаснува, постојат категории на луѓе кои се многу загрозени, особено новороденчињата затоа што воопшто немаат витамин Д.
Според сите просписи, тие добиваат 400 меѓународни единици витамин Д секој ден до првата година. Бремените жени и доилките имаат поголема потреба, затоа што овој витамин им е потребен и на нив и на фетусот. Постарите луѓе над 50 години не го синтетизираат толку добро под влијание на сонцето, кожата е потенка и има поинаква структура во споредба со помладите, плус тие поголемиот дел од времето го поминуваат на затворено, заклучи д-р Апук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.