Д-р Ивана Сташевиќ Карличиќ, директорка на Клиниката за психијатриски болести „Д-р Лаза Лазаревиќ“, проговори менталното здравје на нацијата и даде неколку совети.

Ни се обраќаат граѓани од сите возрасти и во поголем број жени отколку мажи. Најчесто бараат совето за надминување на стравот од заразување од коронавирус. Најчесто во прашање се анксиозни напади поврзани со стрес и депресивни пореметувања, вели Карличиќ.

Таа истакна дека во време на ваква епидемија на коронавирус на појавата на ментални пореметувања влијаат неизвесноста и делувањето на самиот вирус на сите витални структури на нашиот организам.

Она што е извесно е дека кај некои личности актуелната кризна ситуација ќе доведе до пораст на бес, агресија, па дури и насилен облик на однесување. Ургентата служба на Клиниката има зголемен број прегледи од март минатата година во споредба со истиот период 2019 година. Исто така регистрираме и зголемен број на првични психотични епизоди, соопшти докторката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.