Меѓу заразените со вирусот, кој се подложува на болничко лекување во Крагуевац, е и Срѓан Тошиќ (44). Тој не бил во директен контакт со заразените и се сомнева дека се заразил во еден од маркетите во Белград.
На почетокот почувствував малаксаност, а потоа и температурата која ме скрши, не можев да гледам ниту да седнам, растеше од ден на ден, и така шест дена додека не ме примија во Здравствениот центар. Ми дадоа инфузија и диклофен инјекција, тогаш бев подобар, но преку ноќ повторно ми се врати температурата која едноставно кршеше сè во мене, не можев да ги гледа очите. Имав воспаление на градите, отежнато дишење, температурата варираше од 37 до 39,4. Имунитетот е најважниот фактор и од тоа колку е силен зависи и како ќе се избори организмот.Повеќето пациенти тука кашлаат, јас не. Го изгубив мирисот и вкусот, но од пред неколку дена почнав да јадам и да чувствувам. Добиваме витамини и некои лекови за маларија. Како што одминуваат деновите, станува сé полесно, објасни Тошиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.