Претседателот на Руското респираторно друштво вели дека коронавирусот би требало да „згасне“ кон средината на јуни.

Пневмококалната вакцина може да ги заштити луѓето од новиот коронавирус бидејќи го зголемува природниот имунитет, изјави во средата Александар Чучалин, член на Руската академија на науките и претседател на Руското респираторно друштво.

Не знам дали вакцината против грип може да заштити од коронавирусот, меѓутоа 13-валентната пневмококална вакцина можно е да може. Таа не само што го подобрува антипневмококалниот имунитет, туку го подобрува и природниот имунитет, им рече тој на новинарите, пренесе ТАСС.

Чучалин додаде дека коронавирусот би требало да го снема кон средината на јуни. Тој истакна дека инфекцијата активно се шири во моментов, при што едно лице е способно да зарази две или три лица.

Според најновите статистички податоци, речиси 2,5 милиони луѓе се заразени низ целиот свет, а пријавени се повеќе од 166.000 смртни случаи. Покрај тоа, досега над 637.000 лица низ целиот свет оздравеле од болеста.

извор: МКД.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.