ЈУ Специјален завод Демир Капија доби донација „УВ Гард“ – уред со УВ зраци за дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии.
Функционалноста на овој апарат е следна:
– Дезинфицира и површини и воздух, 360 степени наоколу;
– Работи на принцип на зрачење кратка UV-C бранова должина од 254 нанометри;
– Ги убива микроорганизмите кои доаѓаат во контакт со светлината, им ги уништува нуклеинските киселини и ја нарушува нивната ДНК, оставајќи ги без можност да ја вршат својата функција;
– Просторијата што се дезинфицира мора да биде празна, но тоа не е проблем бидејќи уредот се контролира од далечина и го заштитува тој што го ракува;
– УВ зраците допираат до места кои се недостапни и стопроцентно ги елиминираат вирусите и бактериите и на нерамни површини;
– За просторија од 40 квадратни метри се доволни околу триесетина минути, а веднаш по дезинфекцијата се чувствува силен мирис на озон.
Целта е зајакнување на условите во установите при состојба со ковид-19.
Досега, „УВ Гардови“ покрај заводот во Демир Капија добија и Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Градската општа болница „8 Септември“, Клиниката за очни болести, Клиниката за пулмологија и алергологија, Општата болница Гостивар, Општата болница во Прилеп и Општата болница во Кавадарци.
Овој апарат е донација од македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.