Mинистерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 19 оздравени пациенти во: Скопје-8, Куманово-3, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Битола-2, Неготино-2.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (69г) хоспитализиран на 15 мај. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 септември“, пак, починаа тројца пациенти: еден од Струга (70г) примен во болницата на 17 мај; еден од Скопје (70г) примен во болница на 28 мај; уште еден пациент од Скопје (47г) кој ена болничко лекување од 21 мај.

Во денешниот извештај на ИЈЗ е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на ковид-19.

Во последните 24 часа направени се 1 120 тестирања, а регистрирани 35 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-22, Куманово-4, Штип-1, Тетово-6, Струга-1 и Гостивар-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2 164, бројката на оздравени пациенти е 1 535, на починати е 131, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 498. По завршување на епидемиолошките анкети, две лице кои вчера беа евидентирани во Скопје, се соодветно распоредени во Тетово и Куманово според местото на живеење. Согласно ова, последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 817, активни 248
Куманово – 453, активни 44
Дебар – 51, активни 0
Штип – 62, активни 27
Прилеп – 211, активни 41
Тетово – 198, активни 75
Струга – 80, активни 11
Велес – 129, активни 29
Битола – 28, активни 4
Охрид – 23, активни 6
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар – 23, активни 5
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 3, активни 1
Крива Паланка-6, активни 0
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 32, активни 1
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 3, активни 1
Неготино-12, активни 3 (7 се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево-3, активни 0
Делчево-1, активни 0
Валандово-1, активни 0
Виница – 3, активни 1
Кратово-2, активни 0
Берово-1, активни 0
Свети Николе-1, активни 1.

Направените 1 120 теста се преку: ИЈЗ – 546, ЦЈЗ Скопје-66, Авицена – 50, Биотек-178, Филип Втори (Жан Митрев) – 51, Систина со PCR метода-120 и МАНУ-109. Досега во земјата се направени вкупно 28 804 тестирања на ковид-19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 487 тестира се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Куманово и Скопје, а потврден е еден позитивен случај во градинка во Тетово. Досега во рамките на скринингот се направени 3 502 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 4 пациенти, хоспитализирани се вкупно 40 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 10 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика сè уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 3 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15, а на домашно лекување се следат 10 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 29 пациенти-позитивни и сомнителни на ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.