Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 2.656.456 лица. Од нив починале 185.156, а оздравеле 729.873 луѓе.
– Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Шпанија надмина 22.000 откако беа регистрирани 440 починати во последните 24 часа.
– Грција ги продолжува една недела, до 4 мај, строгите рестриктивни мерки за движење на граѓаните поради епидемијата на коронавирусот. Оваа објава ја даде портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас.
– Повеќе од 10.000 луѓе се заразени со новиот коронавирус во Романија. Бројот на заразени лица се зголемил за 386 лица во изминатите 24 часа, достигнувајќи вкупно 10.096 заразени. Оздравеле 2.478 Романци. Бројот на жртви се зголеми на 527. Како резултат на пандемијата, на 16 март беше објавена вонредна состојба, која беше продолжена до 15 мај.
– Околу 90 отсто вработени во јавниот сектор ќе добијат во Словенија награди поради здраветсвени ризици и посебни работни напори со кои се соочуваат за време на пандемијата со Ковид-19. Тоа во просек ќе биде по околу 25 отсто на основната плата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.