Британско-шведската фармацевтска компанија АстраЗенека ја прифатила понудата од рускиот Институт Галамалеја за соработка со цел да се утврди дали нивните две вакцини против Ковид-19 може успешно да се комбинираат.

Откако прелиминарните клинички испитувања на вакцината Спутник 5 покажаа ефикасност од над 90%, Рускиот директен инвестициски фонд (РДИФ) и Институтот Галамеја и понудија на АстраЗенека да употребува една од двете компоненти (човечки аденовирусни вектори 1) од вакцината Спутник 5 во клиничките испитувања на АстраЗенека. Компанијата го прифати предлогот на РДИФ и кон крајот на 2020 година ќе почне клинички испитувања на нивната вакцина во комбинација со аденовирусниот вектор тип Ад25 од вакцината Спутник 5. Тоа истражување ќе им овозможи на научниците на АстраЗенека да ја проучат можноста за зголемување на ефективноста на нивната вакцина преку примена на овој комбиниран метод – се вели во соопштение на РДИФ

Коментирајќи за ефикасноста на вакцината на АстраЗенека, директорот на Институтот Гамалеја, Александер Гинтсбург кометира дека не е доволно висока, но дека може да биде подобрена со две компоненти од Спутник 5.

Вакцината на АстраЗенека произведена во соработка со Универзитетт Оксфорд покажа ефикасност од 62%, додека руската вакцина имаше ефикасност од над 95%. Сепак, компанијата подоцна објави дека вакцината АЗД1222 покажала ефикасност од 90%, а претходните резултати се должеле на тоа што на пациентите по греѓка им била дадена половина доза при првото вакцинирање по што следувала цела доза при второто. Поради тоа биле направени нови испитувања.

Двете вакцини се базираат на аденовирусни вектори што внесуваат делчиња од геном на корона вирусот во клетка, но Спутник 5 користи човечки аденовируси, додека АстраЗенека употребува модификуван аденовуирус од шимпанзо.

Русија ја регистрира Спуитник 5, првата вакцина против Ковид-19 во светот, на 11 август. Досега околу 50 земји веќе порачале 1,2 милијарди дози од медикаментот.

Според истражувачите што работеа на создавањето на вакцината, таа ќе им овозможи на луѓето што ќе ја примат имунитет во период од две години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.