Избегнувајте маски со вентил. Низ вентилот, кога издишуваме, во млаз се исфрлаат ситните капки коишто го содржат вирусот!
Носете платнени маски (најдобро трослојни) за да се заштитите себеси и сите околу вас од Ковид-19, напиша на својот ФБ профил сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска.
Носете медицински маски, посочува таа, ако имате: Ковид-19, се грижите за лица болни од Ковид-19, имате над 60 години, или хронично заболување.
Да останеме безбедни и да се заштитиме од Ковид-19. Чувајте се!, потенцира Ѓоргиевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.