Сопругата на познат саксофонист Ице Атанасовски негира дека тој починалод корона. Вели, со два негативни теста го лечеле од корона, иако проблемот бил сосема друг. Вели почина од несовесноста на некои индивидуи во нашава битолска болница
Ице Атанасовски си замина синоќа пред полноќ на возраст на која никој не треба да замини. Ице велат почина од короната. Да, но не од болеста, туку од системската корона која владее во проклетијава.
Почина од несовесноста на некои индивидуи во нашава битолска болница, кои го лечеа со терапија за корона, на негативен тест и им требаше 10 дена да откријат дека не му работи срцето 10 дена некој да венее пред нивните очи а тие да поминуваат покрај него, без да се запрашаат, ама чекај, можи е нешто плус…
За по 10 дена кога веќе беше пред умирање да го пуштат Скопје и тоа БЕЗ да го најават како итен случај. Не им ги знам имињата, и не вреди да именувам, тоа се вика системски пропуст, негрижа, нечовечност, затоа што во тие денови поминале 10 доктори на визита… Тоа е она што фали, човечноста и совеста, и она што мојот статус нема ни да го смени за жал. Секоја чест на докторите од Кардиохирургија Скопје кои веднаш извршија оперативен зафат на срцето дадоа се од себе еден месец, ама не издржа.Доминантно станува збор за микотична сепса и септичен шок .
И да, денес од земјава нема еден неверојатен човек и талент заради короната, ама не онаа од која мислите. И не е прв, а нема ни да биде последен дури сите молчиме.. Жалам од дното на душата за сите жртви на оваа проклета СИСТЕМСКА НЕспособност што не е партиска, туку е НЕ човечка.
Почивај во мир голем човеку 😢😢 🙏🙏 Тоа што го помина ти да не се повтори на никој – објави сопругата на Ице, Гордана Атанасовска.
Ице Атанасовски си замина синоќа пред полноќ на возраст на која никој не треба да замини. Ице велат почина од короната….
Posted by Gordana Atanasovska on Friday, 12 February 2021
Таа за ММС вели дека Ице и нејзиниот син прележале корона пред три месеци, но само со мало покачување на температурата и изгубиле мирис и вкус, што поминало за неколку дена. Проблемите со неговото здравје, според Гордана, сега биле поинакви.
-Ице пред три месеци имаше корона. Со матичниот се слушна по телефон, му ги кажа симптомите, тој му даде антибиотици и помина. Сега велат дека наводно по 21 ден, откако му заврши короната, му настанале компикациите од вирусот. Неколку пати бевме во болница, правевме испитување и не’ враќаа дома, секогаш велеа дека не е ништо страшно. На трети јануари, по Нова Година, веќе ептен му се влоши состојбата и повторно отидовме во болница, на Заразно, бидејќи не знаевме веќе каде да одиме. Сатурацијата му беше ниска и кога му направија снимка на градите ни рекоа дека има бронхопнеумонија и дека мора да остане во болница. Четири дена го држеа на Заразно. Му направија два теста на корона кои беа негативни, а тие сепак продолжија да му даваат лекарства за корона. По четири дена го преместија на Интерно, каде продолжија да му даваат „Клексан“.Му се качи шекерот, па му даваа кристален инсулин. Му даваа по десет инфузии на ден. Тој не мокреше и му откажаа бубрезите. Кога почнавме да инсистираме дека сакаме да го носиме во друга болница, утрото одам и лекарот ми вели: „Госпоѓо, состојбата е критична, има проблем со срцето, има сепса и на двата залистоци на срцето има бактерија“. Веднаш го однесовме на Кардиологија во Скопје, а тие не ни најавиле дека ќе стаса итен случај од Битола. Толку бил лошо, што доктор Папестиев ми
рече дека доколку се оперира шансите да преживее се 40 проценти и доколку не се оперира, до утредента ќе го изгубиме. Операцијата беше успешна, но потоа се’ тргна надолу. А тоа во Битола не можеа да го видат. Четири недели лежеше на Кардиологија. Цело време беше на машината за прочистување на крвта, му се даде се’ што треба. Во Битола ми рекоа дека најголем проблем се белите дробови, во Скопје дека нема никаков проблем со белите дробови – раскажува таа за ММС.
Тврди дека Ице пред да почине бил свесен, сестрата и кажала дека прашал „зошто сум јас тука“, но потоа наеднаш се влошила состојбата. Во извештајот пишувало дека е сепса.
Таа се жали на односот на персоналот во болницата. Вели не доаѓаа ниту чаршав да му сменат, ниту, пак, да избришат кај што повраќаше. Сопругот и испраќал пораки да го изнесе од битолската полница.
– Искрено, во Битола во болницата состојбата е Бог да чува. Не знам зошто Филипче се’ уште спие. Не знам кај ќе им оди душата на сестрите. Јас ги молев да му донесат сад за да повраќа, а тие ми велат: „Нека повраќа во ќебето“. Немаат душа. Барем малце душа да имаа, ќе се грижеа за пациентите ама не, вели Гордана Атанасовска.
Се обрати и братот на Ице, Борче Атанасовски, кој реагира на негрижатаво битолската болница, поради која, како вели, брат му веќе го нема.
Мојот брат Ице Атанасовски, денес мора да го наречам покоен, а не морав. Немаше да биде покоен ако Интерното одделение од Болницата во Битола покажеше барем малку грижа и основна хуманост. Го однесовме на нозе, за 10 дена со амбуланта кола ни го дадоа едвај жив. Со денови ги молевме да го пуштат Охрид, Скопје, некаде, тие дури ни викаа навредени, дека биле способни да го лечат.
А тој ден за ден пред очите ни се топеше. Дури ни рекоа ако го земиме и не го примаат некаде, кај нив да не сме го враќале… Не можеа да му направат обично снимање на срцето 10 дена, ниту нешто што би му помогнало. Само лежеше, едвај и да влегуваа во соба. За на крајот да го снимаат конечно, да ни кажат мора да оди итно Скопје, ама не се знае дали патот ќе го преживее…Па зошто тогаш не се јавија кај колегите Скопје да кажат каков пациент иди? Не ни дадоа ништо, ни што примал, ни како примал, докторите Скопје мораа да почнат од почеток се пред да го оперираат.
Каде им е душата и човечноста?? Брат ми издржа 5 операции на срце, ама штетата што беше направена Битола му го уништи организмот за да не може да закрепне од операциите. И сега?? И пак никој нема да одговара што него го снема на 43 години, оти тие беа неспособни да признаат дека НЕ се способни??? Дали некогаш нешто ќе профункционира, дали докторите на интерно ќе престанат да се однесуваат како ние да сме ништожни и безвредни?? Дали некогаш ќе почнат да го ценат човечкиот живот
Мојот брат Ице Атанасовски , денес мора да го наречам покоен, а не морав. Немаше да биде покоен ако Интерното одделение…
Posted by Borce Atanasovski on Friday, 12 February 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.