Дали сношти претеравте со алкохол? Ја поминавте ли новогодишната ноќ со премногу храна и повеќе чаши алкохол од дозволеното? Тогаш е време денеска да го исчитите телото со комплетен детокс. Еве неколку корисни совети:

– Сок со цимет

Денот започнете го со шолја топла вода. Потоа напијте се сок од лимон во кој ќе ставите малку цимет.

– Земајте витамини

Денеска денот не би требало да ви помине без Б комплекс, витамин Ц, селен, магнезиум и цинк.

– Пијте чаеви

Има луѓе кои се одлучуваат за детокс со билки, а тоа се чаеви од нане и од мајчина душица за кои е познато дека го смируваат организмот.

– Лесна храна

Денеска јадете полесна храна. Тоа нека биде повеќе овошје и зеленчук, но само тогаш кога ќе почувствувате глад. Докажано е дека внесот на повеќе шеќер по ноќта помината под дејство на алкохол делуива позитивно на организмот. Дозволете си благо, но во умерени количини.

– Ментален одмор

Денеска поминете што повеќе време во кревет. Трудете се да се исклучите од интернет и помлаку време да поминете на социјалните мрежи. Легнете си рано и добро наспијте се. Веќе утре, закажете си масажа.

.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.