Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија денеска предложи и за граѓаните над 67 години да важат истите мерки за заштита од коронавирусот како и за останатото население.
Сметаме дека ограничувањето на времето за движење до сега имаше свое оправдување, но во услови на смирување на пандемијата со ковид 19, како неопходна потреба за пензионерите е слободно движење со доследно почитување на мерките што ќе важат и за останатото население. На овој начин се дава еднаков третман на возрасните за самостојно живеење и активно стареење како начин за одржување на нивната психофизичка кондиција, се вели во соопштението од Сојузот.
Предлогот, како што наведува здружението, е заснован врз барања на голем број на пензионери, посочувајќи дека во државата има над 320 000 корисници на пензија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.