Сојот „Му“ може да го надмине делта-сојот во својата заразност, а сè уште не се знае дали сегашните достапни вакцини ќе можат да одговорат на оваа мутација, пишува МИА. Европската агенција за лекови ЕМА соопшти дека варијантата „Му“ позната и како Б. 1.621 е „причина за загриженост“.
Пред само осум дена, сојот „Му“ беше пронајден во соседна Грција.
Сојот „Му“ потенцијално повеќе нѐ загрижува поради евентуалното зголемено имунолошко бегство кое може да го покаже – истакна на прес-конференција Марко Кавалиери, шеф на стратегијата за вакцинирање на ЕМА.
Она што претходно месецот беше класифицирано како „варијанта од интерес“, заедно со Ламбда-сојот идентификуван во Перу, полека почнува да станува главна преокупација на ЕМА. Сојот „Му“ беше првпат откриен во Колумбија, а оттогаш се познати пет мутации на истиот „Му“.
Регулаторот со седиште во Амстердам што тестира лекови за 27-члената ЕУ, ќе разговара со производителите на вакцини за ефикасноста на тековните лекови во справувањето со варијантата „Му“.
Сепак, морам да кажам дека сè уште немаме податоци за да покажеме дека варијантата „Му“ се шири толку брзо и дали ќе има шанси да ја надмине мутацијата „делта“ како доминантен сој-објасни Кавалиери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.