Вакцинацијата на бремени жени против коронавирусот ќе започне следната недела во Русија, а вакцината ќе ги заштити и новороденчињата затоа што детето ќе прима антитела на мајката за време на доењето, изјави директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинкбург.

Како што разбираме, вакцинацијата не само што ги штити бремените жени, туку исто така ќе ги заштити новороденчињата поради доењето“, објаснил тој за телевизијата „Русија 1“.

Тој исто така изјавил дека вакцинацијата на бремени жени може да биде дозволена веќе следната недела.

Мислам дека бремените жени ќе можат официјално да се вакцинираат буквално следната недела. Тоа прашање е решено, рече тој, додавајќи дека тоа е овозможено благодарение на напорите на руското Министерство за здравство.

Како што рече, вакцината „Спутник Ве“ (Спутник V) штити од сите познати соеви на Ковид-19.

Антителата што се добиваат кога се користи Спутник V штитат од сите познати соеви, почнувајќи од британскиот, па сè до, се разбира, до „делтата“, односно индискиот“, објасни еден од креаторите на руската вакцина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.