Веќе знаете дека не постои волшебно стапче со кое ќе ги изгубите килограмите, но некои намирници се одличен избор кога се обидувате да го отстраните вишокот на масни наслаги.
За диетата да биде ефективна мора да направите калориски дефицит.
Калориски дефицит се постигнува кога согорувате повеќе калории отколку што сте внеле во организмот.
Ова овошје во тоа може да ви помогне. Тоa е богатo со вода, некои имаат дури и до 91 процент вода во нивниот состав, па брзо ќе ве заштитат.
Покрај тоа, секое овошје има исклучително мал број на калории, што го прави идеален сојузник во борбата против килограмите.
Покрај ниската калорична вредност богато е со витамини и минерали, па е пожелно дневно да се внесува барем една порција овошје во организмот.
Ова овошје може да го јадете без грижа за совест:
Јагодите во себе содржат само 33 калории и 91 процент вода
Лубеницата исто така има 91 процент вода и 30 калории
Дињата има 34 калории и 90 проценти вода
Ананасот во себе содржи 86 проценти вода и 50 калории
Грејпфрут 32 калории и 91 процент вода
Праската има 39 калории
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.