Додека децата лудуваат на снегот, возрасните негодуваат, бидејќи мора да го исчистат снегот во дворот или пред зградата.
Но. чистењето на снегот се мора секогаш да биде несакана активност, посебно ако се земе предвид колку калории може да се потрошат додека тој се чисти.
Додека се чисти снегот со лопата, работат мускулите на рацете и на нозете и се обликува целиот горен дел на телото, како и мускулите на горниот дел од ‘рбетот.
Според истражувањето на Медицинскиот факултет на Универзитетот Харвард, просечна тежина на еден човек е околу 70 килограми и за половина час чистење снег може да се загубат дури 223 калории.
За споредба, за половина час трчање се трошат пола од овие калории. Затоа чистење на снег се смета за интензивен тренинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.