Иако светот им се радува на вакцините против ковид 19 и реалната надеж дека наскоро ќе сдивне пандемијата, исламската верска заедница има замерки – ни повеќе ни помалку затоа што вакцините содржат свински желатин. Свинскиот желатин во вакцините има улога на стабилизатор и овозможува подолго траење на вакцината при транспорт и складирање.

Вакцините не се по Халал

Босанскиот портал „Klix“ го пренесува ставот на босанската ИВЗ.

Исламот ги повикува луѓето да се грижат за своето здравје и да бараат лек за болестите со кои ќе се соочат. Пророкот рекол дека Бог за секоја болест дал и лек и ги повика муслиманите да трагаат по тој лек. Тоа е, оттаму, верска обврска на муслиманите. Она, пак, што им е забрането, е лекот да го бараат во она што Алах го забранил. Во забранетите нешта спаѓаат и свињите и свинските производи, додаваат, посочувајќи дека повеќето информации што доаѓаат до нив се дека дел од вакцините содржат свински желатин, но сѐ уште чекаат потврда на тие информации.

Ако е тоа точно, муслиманите се должни да се определат за вакцини кои не ја содржат таа компонента, а се ефикасни во лекување на коронавирусот, а ако не постои друг избор, последниот збор за тоа треба да го даде струката, фармацевтската и шеријатско-правната, велат од исламската заедница на БиХ.

Свинскиот желатин во вакцините не е проблем само за искамските заедници, туку и за еврејските, за кои консумацијата свински производи се смета за верски нечиста.

Меѓутоа, во трката да обезбедат што повеќе количини вакцини, фармацевтските компании не гарантираат дека во нивните дози нема да се најде свински желатин.

Тоа се однесува и на вакцината Фајзер и таа од Бионтех, вакцините на Модерна, оксфордската и други.

Сепак, неколку исламски авторитети во светот сметаат доколку нема алтернатива, вакцините нема да бидат „арам“ дури и ако содржат свински желатин.

Верските авторитети на Малезија, Индија, Обединетите Арапски Емирати ги повикаа верниците да ја примат вакцината.

Ако нема алтернативи, вакцините не треба да бидат предмет на забраната во исламот за свински продукти, бидејќи „заштитата на човечкото тело“ е повисока потреба/приоритет според исламот, рече првиот човек на Советот, шеикот Абдал бин Баја. Во таков случај, свинскиот желатин се смета за лек, а не за храна, велат од Советот, посочувајќи дека неколку вакцини веќе покажаа дека се ефективни против високозаразниот вирус кој „претставува ризик за целото општество“.

Вакцините не се ниту по кошер

An Ultra-Orthodox Jewish man waits to get vaccinated against the COVID-19 coronavirus at Clalit Health Services center in the ultra-Orthodox city of Bnei Brak, near Tel Aviv on September 6, 2020. (Photo by GIL COHEN-MAGEN / AFP) (Photo by GIL COHEN-MAGEN/AFP via Getty Images)

Првиот Израелец кој ја прими вакцината беше премиерот Бенјамин Нетанјаху, а неговата вакцинација се рпенесуваше во живо на национална телевизија.

Ортодоксните (конзервативни) рабини од САД и Израел ги повикаа верниците да се вакцинираат.

Знам дека не ќе им се допадне на сите што ќе кажам, но ако не го кажам она што го мислам, ќе биде грев. Дали да ја примиме вакцината? ДА, дефинитивно да, вели рабинот Ашер Вајс.

Секој нов лек или медицинска постапка може да има долгорочни ефекти, но ние секогаш се обидуваме да постигнеме вистинска рамнотежа помеѓу потребното сега и она што теоретски може да се случи во иднина “, рече тој. „Луѓето умираат, луѓето страдаат и ние би можеле да ја ублажиме оваа болка и да ги намалиме страдањата и да спасиме многу луѓе. Ова е безбедна вакцина колку што знаеме.

Практично сите конзервативни водачи ги охрабруваат своите заедници да му веруваат на медицинскиот консензус и да ја земаат вакцината кога ќе стане достапна, а во Израел, многумина веќе јавно се вакцинираат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.