Британски „Radio 2“, споделува аудиозапис во кој може да се слушне како всушност звучи сува кашлица која што се поврзува со коронавирусот, пренесуваат од „Mirror“.

Коронавирусот има два клучни симптоми – кашлање и температура, но поради тоа што се појави во сезона на зимските грипови тешко може да се забележи дали сте заразени со Ковид-19.

Британски „Radio 2“, споделил аудиозапис на кој може да се слушне како звучи сува кашлица која што е резултат на Ковид-19.

„Кога кашлате, а не искашлувате никаква слуз, станува збор за сува кашлица. Тоа е во случај доколку сте заболени од коронавирус, а не доколку кашлате одвреме-навреме, туку зборуваме за константна кашлица за која нема никаква друга причина доколку сте непушач и доколку го прочистувате вашето грло“.

Снимката можете да ја слушнете ТУКА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.