Славица и Мирјана, ќерките на најстарата излечена пациентка од ковид-19 даруваа крвна плазма, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук.

Славица и Мирјана се двете ќерки на најстарата излечена пациентка од КОВИД-19, кои исто така беа позитивни и оздравеа од овој вирус. Тие минатата недела даруваа конвалесцентна плазма која ќе се користи како лек и надеж за потешките пациенти заболени од коронавирусот. Од сè срце им се заблагодарувам за хуманоста, објави Филипче.

Најстариот излекуван пациент од ковид-19 во Македонија е 85 годишната Елена Макалоска  од Прилеп која се лечеше во општата болница во тој град.

Упатувам апел до сите оние лица кои се излечени од КОВИД-19 да се пријават за дарување на конвалесцентна плазма. За пријавување пополнете го електронскиот формулар на веб страницата на Институтот за трансфузиона медицина: https://bit.ly/30ufhA4 Да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите заболени од КОВИД-19 побрзо да оздрават, порача Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.