Скоро милион луѓе ја примиле експерименталната вакцина против коронавирусот која ја развива фармацевтската група „Синофарм“, соопшти денеска таа кинеска компанија.

Кина во јули ја почна програмата за итни случаи која вклучува три вакцини кои се во финална фаза на тестирање за здравствените работници и останатите ранливи групи, иако преку тестови треба да се потврди нивната ефикасност.

Сингапурскиот портал „ЦНА“ пренесува, повикувајќи се на Синофарм, дека досега не е забележана негативна реакција на оние кои ја примиле вакцината.

Вакцините на Синофарм не и дозволуваат на корона да се размонжува во организмот и треба да се примат две дози, покажаа досегашните истражувања.

Експерименталната фаза на вакцината на Синофарм ја проаѓа и третата, последна фаза од клиничките тестирања во целиот свет, а се пријавија 60 илјади волонтери.

Она што се знае е дека меѓу градежните инженери, дипломатите и студените од странство кои биле на тестирање, никој не се ијфицирал, додава порталот „ЦНА“.

Експертите, меѓутоа се повикани да внимаваат додека не излезат финалните резултати од тесирањето за да се одреди ефикасноста на вакцината.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.