Во земјава денеска беа регистрирани 163 новозаразени со ковид-19, а со тоа вкупната бројка на активни случаи се искачи на 3 284.

Од нив, најмногу активни се во Скопје – 1 862. Потоа следуваат Тетово со 371 активен, Куманово 268, Штип 182, Охрид 116, Струга 111…

И од денешните случаи најголем дел се во Скопје – 70.

Министерството за здравство во своите дневни извештаи ја објави состојба по општини во Скопје, но таа е заклучно со вчера односно во статистиките не се ставени дел од новите случаи со оглед на тоа што не се завршени сите епидемиолошки анкети.

Состојбата по оштини заклучно со вчера е следна:

• Чаир – 421

• Гази Баба – 149

• Аеродром – 143

• Сарај – 139

• Бутел – 139

• Центар – 125

• Карпош – 125

• Кисела Вода – 107

• Студеничани – 95

• Ѓорче Петров – 88

• Шуто Оризари – 76

• Арачиново – 53

• Илинден – 30

• Петровец – 18

• Чучер Сандево – 17

• Сопиште – 12

• Зелениково-2

• Странец – 3

• Нераспределен-51



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.