Во Скопје има 34 пациенти, а во Дебар 30 кои се заболени од коронавирус во Македонија, покажува картата на која се впишани сите пациенти заразени со КОВИД-19.

До денеска до 10 часот беа пријавени 67 пациенти. Освен во Скопје и Тетово, заболени има по еден пациент во Гостивар, Штип и Охрид.

Првпат од кога се појави коронавирусот во Македонија, бројот на пациенти од Скопје го надмина бројот на заразени од Дебар. Првиот пациент, 50-годишната скопјанка чиј случај беше пријавен на 26 февруари, од понеделникот е дома, откако и двата теста за присуство на коронавирус се покажаа негативни. Следните два пациенти, беа сопружници од Дебар и потоа случаевите што се пријавуваа беа од тој крај. Владата во Дебар и во Центар Жупа прогласи кризна состојба.

За денеска во 15 часот е закажана онлајн прес-конфренција на министерот за здравство Венко Филипче на која тој треба да ја соопшти состојбата со коронавирусот во Македонија. Од овие 67 пациенти, само една пациентка дише со помош на респираторна машина, а Филипче рече дека нејзината состојба е стабилна.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.