Средовечна жена од Скопје со сериозно заболување на коските и во живото загрозувачка состојба, била вратена од Клиниката за ортопедија под изговор дека салите за операција се реновираат, а хирурзите заминале на ормор, објави „Алфа“.

Нејзината ќерка за „Алфа“ сведочи дека испитувањата за болеста траеле три месеци, а дијагнозата која ја добила од лекарот била загрижувачка. И рекол оти мора итно да оди на операција, ама тој не можел да го изврши зафатот бидејќи ќе одел на одмор.

На мајка ми и дијагностицираа бактериска инфекција на коскеното ткиво, а докторот што ги виде снимките од магнетната резонанца и рече оти мора итно да влезе во операциона сала. Го прашавме кога ќе биде операцијата, тој само ни одговори дека салите се реновираат, а докторите месецов ќе користат годишни одмори. Цел живот плаќаме здравствено осигурување и кога дојде ред да не примат на итна операција, практично ни затворија врата пред нос“, вели соговорничката на „Алфа“.

Таа стравува дека коскеното ткиво на нејзината мајка може да се инфицира и да загнои, па затоа спас побарале во приватна амбуланта, каде жената итно ќе биде ставена на операција. Гневна е на здравствените власти, бидејќи нејзината мајка не може да го искористи здравтвеното осигурување во државна болница, па семејството мора да се снаоѓа за финансии за да плати приватна операција.

„Алфа“ од извори на Ортопедија дозна дека најголем дел од доктоите веќе ги користат старите годишни одмори и оти во операционите сали се вршат само итни интервенции на скршеници.

Дека, дел од докторите се заминати на годишен одмор не крие ниту министерот за здравство, Венко Филипче. Сепак, тој негира дека на ортопедија биле запрени сите интервенции.

Точно е дека добар дел од лекарите ги користат старите заостанати годишни одмори, лекарите и сетрите не беа повеќе од година дена на годишен одмор. Притоа организацијата е направена така да воопшто не трпи редовниот распоред на изведување на интервенциите, дали операции, дали интервенции на Интерните клиники. Фокус ставаме на тоа да навистина здравствените работници сега се одморат поради тоа што не знаеме што не очекува на есен, рече Филипче.

Блокадата во јавните здравствени установи, која со месеци се провлекува поради корона пандемијата, е причина за револт кај граѓаните. Тие постојано преку социјалните мрежи алармираат дека најсуштинските Клиники, како што е клиниката за Кардиологија веќе цела година работат со тројно намален капациетет, а докторите се месеци немаат термин за амбулента за да ги преглеаат редовните пациенти.

За ова алармираа и матичните доктори, кои велат дека допрва кај хронично болните пациенти ќе се лечат последиците од повеќемесечното не одење на контрола кај докторите специјалисти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.