45 – годишниот пациент кој доцна синоќа почина на пат кон болницата 8 ми – септември покрај позитивниот тест на коронавирус, имал и зголемена телесна тежина која најверојатно била дополнителен фактор за смртта.
Од болницата за Канал 5 велат дека скопјанецот бил донесен попладнето од неговата мајка, а веќе неколку дена се лекувал дома од пневмонија. Дел од докторите по јавно здравје во земјава предупредуваат дека иако на светско ниво не е потврдено дека зголемената телесна тежина влијае врз зголемување на смртноста од коронавирусот, сепак, има студии според кои обесноста, како и дијабетесот можат да бидат дополнителен негативен фактор во борбата против коронавирусот.
Според податоците од Институтот за јавно здравје возраста на заболените од коронавирусот во Македонија се движи од 2 до 91 година, или средна возраст од 46 години.
Најголемиот дел од заболените се на возраст од 50 до 59 години, каде е регистрирана и највисока специфична инциденца. Во однос на дистрибуцијата по пол пак, во земјава најголемиот дел од заболените од коронавирус се женски лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.