Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција од неговиот дом кажа дека со оглед на тоа што бројот на вработени во болницата во Куманово е намален поради што голем дел од нив се во самоизолација, сите хоспитализирани од оваа болница се префрлени на Инфективната клиника во Скопје.
Се работи за седум хоспитализирани пациенти, а понатаму инфективното одделение во Куманово ќе функционира на тој систем што таму ќе се прави тријажа и проценка на здравствената состојба и во координација со министерството и директорката на Инфективната клиника и директорот на болницата 8 Септември, ќе се прави проценка дали дел од пациентите ќе бидат упатувани во Скопје или ќе останат да се лекуваат во Куманово“, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.