Последното истражување на научниците од Универзитетот во Јужна Калифорнија го открива најчестиот редослед на појавување на симптомите по инфекција со коронавирус. Резултатите објавени во „Frontiers in Public Health“ откриваат дека во најголем дел од случаите првиот симптом е покачена температура и треска. Потоа обично следуваат кашлица и болки во мускулите, па гадење, повраќање и дијареа.
Редоследот на симптомите е утврден на примерок од околу 55.000 луѓе заразени со коронавирус, а истражувачите се надеваат дека нивните наоди ќе го олеснат пораното идентификување на лицата заболени од коронавирус.
Овој редослед е особено важен да се знае кога имаме циклуси на преклопување на болести како што е грипот кои се совпаѓаат со инфекциите на Ковид-19, објасни коавторот на студијата Питер Кун, професор по медицина и биомедицински инженеринг на Универзитетот во Јужна Калифорнија во САД.
Со овие нови информации, Кун вели дека лекарите ќе можат да утврдат какви чекори да преземат за да се погрижат за пациентите и да спречат влошување на нивната состојба.
Истражувачите веруваат дека пораното идентификувањето на пациентите со коронавирус може да го намали времето на хоспитализација бидејќи сега има подобри пристапи кон третман на Ковид-19 отколку во почетокот на пандемијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.