Претседателот на Кина Си Џинпинг денеска упати апел вакцините против Ковид-19 да бидат подостапни за земјите во развој, бидејќи тие се „моќно оружје“ против пандемијата.
Кина апелира на поблиска меѓународна соработка за вакцините, за истите да бидат подостапни за земјите во развој и да станат глобално јавно добро, истакна Си на видеосостанокот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕЦ).
Тој додаде дека Кина за земјите во развој обезбедила повеќе од 500 милиони дози вакцини како и милијарди долари помош.
АПЕЦ постои од 1989 година, а целта им е олеснување на економската соработка помеѓу 21 земји-членки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.