Најмалку 45 земји во светот спроведоа карантински мерки со цел да го намалат ширењето на коронавирусот во март и во април. Шведска не беше една од тие земји.

Наместо тоа, „шведскиот модел“ ги охрабри Швеѓаните, на доброволна основа да одржуваат социјална дистанца и им овозможи на фабриките, рестораните, кафаните и школите да останат отворени.

Податоците сугерираат дека поради овој модел, Шведска сега ја плаќа цената. Шведска има поголем број смртни случаи по глава на жител од многу други земји кои се погодени од големата епидемија.

Во Шведска починаа повеќе од 3.500 луѓе, а во неа има 10 милиони жители. Бројот на смртни случаи е мал во споредба со бројот на луѓето кои ја загубија битката со коронавирусот во другите земји, на пример во САД каде што бројот на починати е над 85.000. Но, во однос на бројот на жители во Шведска, бројот на починати е многу поголем, пишува „Бизнис инсајдер“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.