Шведска, земјата која со своите контроверзни одлуки во врска со коронавирусот е во центарот на вниманието, бидејќи сега бројот на новозаразени со ковид-19 по глава на жител е двојно поголем отколку во Велика Британија, Германија и Шпанија.
Шведска стана позната по тоа што од почетокот на пандемијата инсистираше на имунитет на стадо, поради што долго време не преземаше никакви чекори во броба против ковид-19.
Сега има двојно повисока стапка на смртност од своите нордиски соседи. Некои делови на Шведска имаат стапка на зараза како што имаат некои од најголемите европски жаришта, а вкупно се пријавени 278.912 случаи.
Само минатиот месец се забележани повеќе од илјада смртни случаи, а досега повеќе од 7.000 пацинети ја загубија битката со болеста. Норвешка на промер, која воведе национална блокада на 12 март, од почетокот на епидемијата има само 359 смртни случаи од ковид-19.
Шведската влада на крај мораше да воведе мерки кои на пролет беа незамисливи – забрана за продажба на алкохол после 22 часот, собирањата се ограничени на осум луѓе, а средношколците имаат онлајн настава. Исто така, многу критики одат на сметка на водечкиот епидемиолог Андерс Тегнел, архитектот на „мекиот“ пристап кон здравствената криза, кој изјави дека носењето маски не е неопходно.
Шведска достигна највисока стапка на зараза по глава на жител од која било друга западноевропска земја. Во Шведска се забележани 346 случаи на 100 илјади жители, што е двојно повеќе од Велика Британија (151), Шпанија (121) и Германија (155).
Минатата недела Шведска забележа рекордни, 35.783 нови случаи, а бројот на починати е поголем отколку во Норвешка, Данска и Финска заедно, пренесува „Сан“.
Премиерот Стефан Левен најави дека средните училишта ќе бидат затворени до 6 јануари. ТОј говореше за „новата нормалност“ во која луѓето не одат во фитнес центри, библиотеки, не организираат вечери по дома, а минатиот месец вината за катастрофалните бројки ја префрли на граѓаните, велејќи дека есенва тие не ги почитувале советите и препораките.
„Новата нормалност“ ќе важи и за претстојните Божикни и новогодишни празници.Тој им препорача на Швеѓаните да не се собираат за празниците, а дома не смее да има повеќе од осум луѓе.
Оваа година Божик нема да биде како порано, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.