Швајцарскиот научник, Саи Реди, предупредува на опасноста од појавата на нов „супер сој“ на корона вирусот, што може да предизвика уште поголема загриженост ва светот во следните шест месеци.
Во интервју за швајцарскиот весник „Блик“, Реди наведува дека е неизбежно да дојде до мутација и на делта сојот.
Тоа е нова фаза на пандемијата, кога бета или гама стануваат поинфективни или се развива мутација од делта сојот. Тоа ќе биде најголем проблем следната година – вели Реди.
Според него, „Ковид 22“ може да биде полош од се што светот видел досега во борбата против корона вирусот.
Реди смета дека науката и политиката веќе мора да се подготват за такво сценарио.
Ако се формира таков вид, ние мора да го препознаеме што е можно поскоро, а производителите на вакцини мора да се прилагодат на тоа – вели Реди.
Тој верува дека претстојат шест тешки месеци и дека следната есен и зима ќе бидат исти како и минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.