Суперсој на коронавирусот може да се појави следната година и секој невакциниран човек е потенцијален супертрансмитер, изјави денеска имунологот Саи Реди од Швајцарскиот федерален институт ЕТХ Цирих и предупреди дека Ковид-22 може да биде многу поопасен од постоечкиот.

Швајцарскиот имунолог рече дека комбинацијата на постоечките соеви може да резултира со нови, поопасни мутации и поопасна фаза на пандемијата.

Ковид-22 може да биде многу поопасен од она на што сме сведоци сега“, предупреди Реди, објавија светските медиуми.

Затоа, вели тој, ќе биде неопходно да се направат повеќе вакцини во следните години.

Швајцарскиот научник рече дека поради новите соеви како „Делта“, ова веќе не е Ковид-19 и предупреди дека секој што ќе одбие да се вакцинира, ќе биде заразен во одреден момент.

Количината на патогени што делта-сојот ја носи со себе е толку голема што секој што не е вакциниран може да биде супер вектор, нагласи Реди.

Тој додаде дека бројот на пациенти ќе се зголеми на есен и предвидува враќање на рестриктивните мерки во некои земји.

Многу е веројатно дека ќе се појави вирус против кој нема да можеме да се потпреме само на вакцинација. Затоа во следните години треба да се подготвиме за неколку вакцини, а вакцините ќе мора да се прилагодат на новите мутации“, рече Реди.

Научникот изјави дека за разлика од „Бета“ и „Гама“ соевите „Делта“ е многу позаразен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.