Како што повторно расте бројот на заболени од корона вирусот, многу често се поставуваат две прашања. Првото е што треба да направиме ако сме вакцинирани против Ковид-19, но сме биле во контакт со заразено лице и второто прашање е што треба да направиме ако сме ги примиле двете дози од вакцината, но сме биле блиску до лице позитивно на вирусот.
Според Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), не треба да направите речиси ништо, освен ако самите не ги почувствувате симптомите на болеста.
Ако сте биле во ситуација да сте биле со заразени луѓе, тоа не значи дека мора да избегнувате други луѓе, освен ако не развиете симптоми – се вели во соопштението на ЦДЦ.
Во соопштението се наведува и дека мал процент од вакцинирани луѓе можат да го пренесат вирусот на невакцинирани лица.
Имаме добри податоци за тоа дека луѓето кои се целосно вакцинирани, па дури и ако тестот за вирусот е позитивен и имаат благи симптоми, ретко ќе го шират вирусот меѓу населението – вели епидемиологот д-р Џенифер Хорни.
Сепак, вакцинираните кои биле во контакт со заболено лице од корона вирус, треба да продолжат да следат дали ќе имаат симптоми на болеста до 14 дена.
Ако имате симптоми, треба да се тестирате за корона вирус, дури и ако сте биле вакцинирани. Типични симптоми на болеста се треска, кашлица, отежнато дишење, губење на мирис и вкус, запек и замор. Некои од симптомите на Ковид ќе ја имитираат обичната настинка, особено кај луѓе кои имаат благи симптоми на болеста. Но, иако симптомите може да бидат благи, тоа не е обична настинка која едноставно ќе исчезне – вели д-р Хорни.
Лекарите предупредуваат дека без оглед на статусот на вакцинација, мора да направите тест штом забележите симптоми, бидејќи во оваа ситуација најважно е да знаете каков е вашиот статус.
Дури и ако не развиете никакви симптоми откако ќе бидете изложени на вирусот, сепак можеби ќе треба да размислите да не поминете време со невакцинирани и имунокомпромитирани луѓе за да ги заштитите – советува експертката за здравствена безбедност, Каролин Гил Рифолд.
Таа советува дека треба да се носи маска, дури и ако луѓето биле вакцинирани
Рифорд додава дека советите за вакцинирање издадени од ЦДЦ не се врежани во камен.
Упатствата може да се променат кога ќе добиеме нов увид во вакцината и како таа се однесува кога станува збор за различни варијанти – вели д-р Рифолд.
Таа додава дека владата размислува дали да да го наметне задолжителното носење на маска на вакцинирани луѓе за да се спречи ширењето на Делта сојот на вирусот, што е многу повеќе заразен и кој доведе до зголемување на бројот на заразени лица, а понекогаш и фатални исходи кај невакцинираните
Иако вакцината е најдобрата алатка за борба против овој вид вирус, некои стратегии исто така може да помогнат во намалувањето на бројот на заразените, а кои вакцинираните луѓе ќе треба да ги прифатат.
Маските едноставно му отежнуваат на вирусот да влезе во телото. Затоа и без наредба дека мора да се носат маски, вакцинираните подединици, сепак, треба да ги носат истите во затворени простории, на пример на спортски настани или во близина на лица со ослабен имунитет – додава Рифорд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.