Човечкото тело одлично се справува со топлото време, иако на прв поглед нам не ни изгледа така. Но, кога сме изложени на високи температури и премногу ни е жешко, тогаш во телото и мозокот почнуваат да се случуваат чудни реакции.

„Business Insider“ направи интересен анимиран инфографик оваа тема.

Ако влезете во затоплена просторија вашата кожа започнува да се загрева и му испраќа сигнали на мозокот. Вашиот мозок почнува да испраќа повеќе крв на површината на кожата за да излезе топлината.

Нашето тело секогаш произведува многу топлина така што тежнее добро да се олади самото од себе. Мозокот ќе му каже на телото да започне со потење за да ја ослободи топлината.

Ако телото премногу се загрее нема да може само да ја регулира температурата, тогаш станува збор за топлотен удар. Ќе почнете да чувствувате вртоглавици, збунетост и слабост. Можеби нема да можете да се фокусирате, а може да добиете и нагон за повраќање.

Со ова ризикувате оштетување на орган или престанок на работа на орган, со оглед на тоа што органите се како сварени. Ова може да доведе и до крајни оштетувања и смрт.

Потоа може да почувствувате грчеви во мускилите или отоци на нозете, стои во објаснувањето на инфографикот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.