Сигурно сте забележале дека кога ќе ослабнете неколку килограми, не ви се само фармерките големи, туку зјаат празни и корпите од градниците.
Бидејќи некои жени го доживуваат ова трагично, Анџела Фич од Центарот за слабеење на Универзитетот во Синсинати објаснува зошто градите се намалуваат и дали тоа е неизбежно.
Голема количина на градите е масно ткиво. Значи, кога жената ќе се здебели, овие клетки се шират, и така доаѓа до зголемување на обемот на нејзините гради. Додека кога намалува килограми, овие клетки се намалуваат, и градите се намалуваат во големината. Дали вашите гради ќе се намалат ако изгубите тежина, зависи од количината и дистрибуцијата на масното ткиво што го имате. Такви статистички податоци може да се дознаат преку мамограм.
Градите зборуваат за вашето тело како целина. Големината на вашите гради кажува многу за вашата телесна тежина. Жените кои имаат поголеми гради може да имаат поголем индекс на телесна маса. Тие тежат повеќе и имаат повеќе масно ткиво. Дали тие само стануваат помали или стануваат како испразнети вреќички, исто така? Колагенот и еластинот се две работи што го поддржуваат ткивото на градите. Кога се случува губење на тежината, колагенот и еластинот се распаѓаат, што резултира во „издишани“ гради.
Сепак, оваа состојба е многи полоша доколку вашата тежина варира повеќе пати за краток временски период.
Па, првото нешто што треба да се обидеме да го направиме е да ја спуштиме тежината со бавна и стабилна стапка. Важно е да се намали телесната тежина полека, давајќи му на телото време да се прилагоди. Потоа, нешто друго што може да направите е да не носите градник 24/7. И на крај, не користете програма за губење на тежината која е насочена само кон губење масти без да се надокнадува мускулно ткиво .
Имајте на ум дека секогаш кога ќе решите да намалите килограми, треба да бидете сигурни дека вежбате со тежина или отпор за да се зголемат пекторалните мускули кои во основа и ги држат градите исправени. Кардио вежбите секако помагаат да се постигне целта за согорување на масти но вежбањето со тегови го зголемува метаболизмот и ги зајакнува мускулите и затоа се препорачува да се практикува за време на водење на режим на исхрана кој е направен да се намали телесна тежина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.