Водечкиот германски виролог Кристијан Дростен не очекува брзо нормализирање на состојбата со коронавирусот и покрај воведувањето на нови рестрикции.
Она што е сигурно: до Велигден нема да видиме крај на пандемијата“, вели Дростен во интервју за весникот „Ноје ознабрикер цајтунг“, а пренесува Дојче веле на македонски јазик.
Но најдоцна до летото нашиот живот значително ќе се смени на подобро- доколку го ставиме под контрола актуелниот раст на инфекциите.
Тој ја смета за добра одлуката на властите да ги остават училиштата отворени за време на кризата. Клучна помош во борбата со пандемијата може да биде воведувањето на брзи тестови, смета вирологот.
Вирологот препорачува подоследна претпазливост во секојдневието.
Најдобро е да се однесуваме како и самите да сме инфицирани и сакаме да ги заштитиме другите од заразата, вели германскиот виролог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.