Познато е дека водата е неопходна за живот и нормално функционирање на организмот.

Но треба да знаете дека консумирањето преголема количина на вода може негативно да влијае врз здравјето.

Доколку пиете повеќе вода одошто можат да поднесат вашите бубрези, може да ја нарушите природната рамнотежа на натриум во крвта и да предизвиката хипохидрација и хиперхидрација, а последиците може да бидат смртоносни.

Ако внесеме повеќе вода од нашите реални потреби, телото ќе го исфрли вишокот преку бубрезите. Меѓутоа, проблемот е во тоа со елиминирањето вишок вода, се губи и дел од натриумот во плазмата, па се зголемува волуменот на внатрешните течности и настанува отекување на клетките во сите органи, особено на мозокот и белите дробови.

Симптоми на хиперхидрација

Најпрво се јавува отекување, односно висок притисок, мачнина, повраќање, конфузија, а може да дојде и до слабост на целото тело и грчење на мускулите што доведува до состојба на хипонатремија.
Хипонатремијата може да предизвика труење со вода, кома или смрт поради застој на срцето или откажување на други витални органи, како што се белите дробови и мозокот.

Иако нема ништо опасно во тоа да испиете поголема количина на вода за време на големи жештини, проблемот е кога истата таа количина ќе ја испиете одеднаш и пребрзо.

Имено, бубрезите можат да обработат околу половина литар вода на час, па водата што ме можат да ја исфрлат преку урината станува опасна по здравјето.

Количината на вода е потполно индивидуална и зависи од низа фактори, од здравствената состојба на поединецот, од физичките активности и потењето, масата на телото, возраста и полот.

Кога одеднаш би внеле шест литри вода во телото, таа количина би била таканаречената летална доза. Но не е можно да ја испиете оваа количина одеднаш, па веројатноста да ја постигнете леталната доза е помалку веројатна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.