Никогаш не било поважно навреме да се вакцинираме против грип, вели молекуларниот биолот проф. Игор Штагљар од Универзитетот во Торонто и сплитскиот Медитерански институт за истражување на живор во интервју за „Слободна Далмација“.

Во Хрватска сме имале и по 100 илјади заболени од грип во една сезона. И од грипот може да настанат тешки симптоми, како запаление на гради, што значи хоспитализација, а неретко и користење на респиратор. Досега на сите ни е јасно дека есенва и зимата нè чека нов бран на ковид-19. Со вакцинирање против грип може да го смалиме бројот на тешко заболени барем на 50 отсто, што значи и ослободување на 50 отсто од планираните болнички кревети за оваа цел, во корист на тешките случаи на коронавирус. Исто така, постојат големи шанси едно лице истовремено да се зарази и со двата вируса. Во тој случај нашиот имунитетен систем не ви можел ефикасно да се избори и со двете болести и веројатноста за смртен исход е доста висока, објаснува хрватскиот професор.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.