Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов во наредните седум денови е во самоизолација. Информацијата попладнево ја сподели на фејсбук профилот, а на кој пишува дека во петокот имал контакт со пациент, за кој подоцна се утврдило дека е позитивен на Ковид-19.
Николов е интервентен кардиолог и покрај тоа што менаџира за Општина Штип, тој работи и оперира пациенти.
-Иако во текот на лекарскиот преглед ги преземав сите заштитни мерки, сепак од денес па во следните седум дена одам во самоизолација. Засега се чуствувам одлично, немам никакви симптоми, но поради внимателност и почитување на здравствените протоколи следнава недела ќе бидам во изолација, пишува Николов на својот фејсбук профил.
Николов како градоначалник, но и како лекар апелира граѓаните да се одговорни и дисциплинирани. Посочува дека сведоци сме на нов бран од Ковид 19, затоа како што вели сите да носат маски, одржуваат дистанца, а на тој начин секој си го чува здравјето, но и на најблиските.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.