Штип е градот е со највисока стапка на заразени со коронавирус на 100.000 жители во државата. За само пет дена во Штип се регистрирнани 130 граѓани позитивни на корона вирус, што е речиси половина од вкупниот број на активни случаи.
Од општинскиот кризен штаб тврдат дека ја следат состојбата, ако алармантниот раст продолжи ќе има и репресивни мерки. Нивна препорака е фирмите каде ќе се откријат нови случаи да ги пратат работниците на годишен одмор.
Најголем број од новозаразените се конфекциски работници. Поради долго чекање на резултати се повеќе компании сами прават скрининг на своите вработени. Велат тоа е во насока и на здравјето на работниците, но и продолжување на работниот процес бидејќи целата оваа индустрија е во криза.
Штипско инфективно е преполно. До утринава таму се лекуваа 53 пациенти, а вкупниот капацитет е 60. Веќе се прават разговори со другите регионални болници за прераспределба на пациентите. Утре почнуваат работите на терен за поставување на монтажна болница и во Кочани. Но таа треба да биде подготвена за евентуалниот есенски бран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.